Во ДПМ се одржа свеченото доделување на традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 година. Жарко Кујунџиски, за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“, е добитник на наградата „Стале Попов“, членови на комисијата беа: Лилјана Пандева, Петар Андоновски, Блаже Миневски. Иван Џепароски, за збирката песни „Посвети и пофалби“, во издание на „Дијалог“, ја доби наградата „Ацо Шопов“, а членови на комисијата беа: Катица Ќулавкова, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Влада Урошевиќ. Иван Антоновски е награден за книгата за деца „Бакнежи на небото“ во издание на „Едиција Светулка“ (награда „Ванчо Николески“, членови на комисија: Билјана С. Црвенковска, Мито Спасевски, Александра Велинова), а Наташа Аврамовска е наградена за збирката есеи „Книжевни паметници“ во издание на Институтот за македонска литература (награда „Димитар Митрев“, членови на комисија: Лидија Капушевска-Дракулевска, Дејан Трајкоски, Санде Стојчевски. Гордана Јовиќ-Стојковска, за романот „Била једном једна кућа“ во издание на „Слово љубве“ ја доби наградата „Мост“, а членови на жирито беа: Сеида Бегановиќ, Тихомир Јанчовски, Лејла Шериф-Емин).
Овој настан, со кој Друштвото на писателите одбележа 78 години од своето основање, беше збогатен и со настапот на „Добрила и Дориан дуо“.