Кон Австралија се приближува циклон кој прераснува во бура од петта категорија, која се смета за најопасна, поради што се затворени пристаништата, училиштата и патиштата во западниот дел на земјата.
Циклонот наречен „Зелија“ веќе предизвика обилни врнежи и силен ветер, а моментално е на 145 километри северно од Порт Хедланд, со удари на ветрови од 285 километри на час – пренесува австралискиот портал „Си-би-ес“.
Ангус Хајнс од Бирото за метеорологија вели дека тоа е најмоќниот тропски циклон и се прогнозира дека ќе биде категоризиран како бура од петта категорија додека го преминува брегот.