фото: МВР

При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета над 150 килограми марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење.

Според првичните информации, соопштија денеска од МВР, товарното возило влегло од Косово, а преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција.

– Оваа успешна акција е резултат на одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи Царинската управа, и претставува потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства за што во ноември 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка – се наведува во соопштението од МВР.

Истрагата продолжува со цел утврдување на сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот.