Фото: ЕПА

Еден Палестинец загина, а друг тешко повреден во израелски воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестинската новинска агенција ВАФА.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) на својот канал на Телеграм објавија дека дрон прелетал од израелска територија над јужниот дел на Појасот Газа. Дронот бил надгледуван од армијата, која потоа го соборила леталото и двајца осомничени кои го извлекувале.

ИДФ соопшти дека имало повеќе обиди за шверц на оружје во Појасот Газа со помош на дронови.

-Нема да толерираме никаква терористичка активност – нагласија израелските вооружени сили.

Официјален претставник на Министерството за здравство во Газа вчера изјави дека најмалку 92 Палестинци се убиени, а повеќе од 800 се ранети во израелски напад откако стапи на сила договорот за прекин на огнот во Газа.

Израелската војска тврди дека пукала врз луѓе кои им се приближиле на нивните сили или влегле во одредени области со кршење на договорот.

Палестинското исламистичко движење Хамас се закани дека ќе го одложи следното ослободување на израелските заложници, обвинувајќи го Израел за прекршување на договорот со пукање луѓе и попречување на испораката на хуманитарна помош во Газа, вклучувајќи шатори и други витални резерви.

Израел и американскиот претседател Доналд Трамп предупредија дека борбите ќе продолжат доколку заложниците не бидат ослободени в сабота.