Светската атлетика (WA) се подготвува да усвои правила кои ги ставаат спортистите идентификувани како жени при раѓање, но со повисоки нивоа на тестостерон на заеднички именител со трансродовите спортисти (родени машки а преминале во женски пол).
WA, која веќе во 2023 г го забрани учеството на трансродовите спортисти (оние кои поминале низ машки пубертет, а потоа станале жени), ги објави упатствата за построги правила на својата официјална веб-страница. Тие ќе влијаат на спортистите како двократниот олимписки и трикратниот светски шампион на 800 метри Кастер Семења, кој е роден како жена, но има природно високи нивоа на тестостерон во типичниот машки опсег.
Оваа аномалија се нарекува Разлика на сексуалниот развој (ДСД) – медицински состојби при раѓање во кои гениталиите не се совпаѓаат со хромозомскиот модел. Поради ДСД, спортистите како 34-годишниот Јужноафриканец беа обврзани од WA да подлежат на терапија за супресија на тестостерон две години за да ги исполнат барањата. Меѓутоа, тогаш правилата беа променети и им беше дозволено да се натпреваруваат без разлика дали биле подложени на хормонска терапија. Инаку, ДСД имаа и двајца боксери – Имане Келиф и Лин Ју-Тинг на Олимпијадата во Париз во 2024 година, кои беа опкружени со скандал, но тие станаа шампиони.
Новите правила подготвени од WA сега ги отстрануваат женските исклучоци за секој трансродови спортист, без разлика на ДСД или трансродови. Тестирањето за присуство на машки хромозоми, кое беше прекинато во 1990-тите, ќе биде обновено. Во него, на спортистите кои се натпреваруваат во женска категорија, ќе им биде земен примерок со памук од внатрешноста на образот или ќе им биде направен сува крвна анализа за присуство на ген кој покажува дали го имаат машкиот Y хромозом.
Во 2023 година Претседателот на WA, Себастијан Коу, рече дека новите правила на ДСД можат да влијаат на до 13 сегашни спортисти на високо ниво, но се верува дека тој број во моментов е уште помал. Вклучувајќи ја и Кастер Семења, која во 2019 г го упати спорот до Судот за спортска арбитража (ЦАС) и Европскиот суд за човекови права. ЕСЧП пресуди дека Јужноафриканката била дискриминирана, но тоа не влијаело на одлуката на ЦАС, која ги потврди одредбите на WA.
WA најавува „период на консултации“ за промени во правилата до 5 март.
Новите насоки на Светската атлетика, насочени кон елитните, а не на основните спортови, дојдоа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се забранува на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во спортови за девојчиња во САД и им препорача на МОК да го стори истото.