Фестивалот на eвропски филм „Синедејс“ распишува конкурс за пријавување кратки филмови што ќе бидат прикажани во рамките на програмата „МК шортс“, на 24. издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули. Пријавените филмови треба да бидат со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024 година и може да бидат во формат на анимиран или игран филм.
Конкурсот е отворен до 1 јуни, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус рок. За учество на конкурсот треба да се испрати мејл со основни податоци за филмот на е-адресата [email protected].