За најдобар сениорски тренер е избран Александар Кузмановски, за најдобар сениорски клуб КК Олимпик спорт 2007 од Скопје…

КАРАТЕ – КФМ ГИ ИЗБРА НАЈДОБРИТЕ ЗА 2024 ГОДИНА

Карате-федерацијата на Македонија (КФМ) на гала-свеченост неодамна ги избра најдобрите во карате-спортот за 2024 година. Па така, Петар Заборски е прогласен за најдобар каратист на Македонија во борби, а Михаела Мишовска го доби истото признанието кај каратистките во борби за 2024 година. Најдобар во конкуренција на кати кај сениорите е Кристијан Бајовски, а кај дамите Владанка Аврамова. За најдобар сениорски тренер е избран Александар Кузмановски, а за најдобар сениорски клуб КК Олимпик спорт 2007 од Скопје. За најдобар тренер во младинска конкуренција е прогласен Петар Заборски, а за најдобар младински клуб е избран КК Макпетрол од Скопје.
КФМ го објави целиот список на добитници на признанија за 2024 година: Ката, сениорки: Владанка Аврамова – КК Сансаи метал Апостолов (Кавадарци); ката сениори: Кристијан Бјовски – Фунагоши Гичин (Скопје); борби сениорки Михаела Мишовска – КК Олимпик спорт 2007 (Скопје); борби сениори: Петар Заборски – Макпетрол (Скопје); ката сениорки до 21 година: Јована Манчевска – Фунагоши Гичин (Скопје): Ката сениори до 21 година: Марко Поптодоров – Гладијатор (Велес); борби сениорки до 21 година: Јована Мицовска – Макпетрол (Скопје); борби сениори до 21 година: Стефан Стојановиќ – Макпетрол (Скопје); Ката јуниорки: Данка Стојкова – Сансаи метал Апостолов (Кавадарци); ката јуниори: Нуредин Дервиши – Ускана (Кичево); борби јуниорки: Илијана Серафимова – Кизаме (Скопје); борби јуниори: Адријан Симоновски – Шампион (Крива Паланка); ката кадетки: Блерина Зендели – Ускана (Кичево); ката кадети: Борјан Димовски – Гладијатор (Велес); борби кадетки: Душица Бреслиева – Штип (Штип); борби кадети: Јован Врклевски – Кизаме (Скопје). Г.И.