Пожарот што денеска избувна во автобусот на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) во Сопиште е целосно изгаснат и нема повредени, потврди за МИА командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски.
– Во 12:33 часот имаме добиено пријава за настанат пожар. Пожарот се случи во автобус во близина на Сопиште, кај кружниот тек – изјави Томевски.
Тој информира дека при гаснење на пожарот е интервенирано со две возила и осум пожарникари и истиот целосно е изгаснат.