Фото: Европски парламент

Еврокомесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, најави дека во следните месеци на агендата ќе има многу важни одлуки за проширување на Унијата.

– Многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ ќе бидат на нашата агенда во наредните месеци, а полското претседателство со Советот на ЕУ има големи амбиции. Ајде да работиме заедно за да изградиме посилна и пообединета Унија за да ги зачуваме мирот, слободата и безбедноста на нашиот континент – напиша Кос на платформата Икс.

Таа додаде дека ќе разговара со полскиот министер за ЕУ, Адам Шлапко, и со министерот за надворешни работи Радослав Сикорски како брзо и ефикасно да се унапреди процесот.

Во Унијата се уште постои разногласие околу прашањето за временските рамки за проширување.