Настаните во Црвеното Море и регионалните предизвици го чинеа Египет околу седум милијарди долари приход од Суецкиот канал во 2024 година, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
Египет изгуби повеќе од 60 отсто од приходите од каналот во 2024 година во споредба со 2023 година, додаде Сиси во изјавата, без да образложи детали за настаните, објави Ројтерс.
Припадниците на јеменската бунтовничка група Хути извршија речиси 100 напади врз бродови кои го преминуваа Црвеното Море од ноември во знак на солидарност со Палестинците кои војуваат со Израел во Газа повеќе од една година.
Нападите ги принудија бродските компании да ги пренасочат бродовите од Суецкиот канал на подолги рути околу Африка, нарушувајќи ја глобалната трговија со одложување на пратките и зголемување на трошоците.