Најмалку 12 лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во турската провинција Баликесир, изјави гувернерот на провинцијата Исмаил Устаоглу, пренесува Танјуг.
Устаоглу изјави дека повредените се во добра состојба и дека точно се утврдува колку луѓе имало во фабриката во моментот на експлозијата.
Тој изјави дека е исклучена можноста за саботажа и дека дел од фабриката е урнат, јави агенцијата Анадолија.