Фото: МИА/Илустрација

Министерството за внатрешни работи претпладнево потврди дека во тек е полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според неофицијалните информации десетина лица се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста – соопштуваат од МВР.

Според дел од медиумите истрагата опфаќа 25 субјекти, од кои 23 се физички лица, а две се правни лица. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје. Меѓу уапсените, според медиумските објави е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.