Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го потврди своето учество на претстојниот Австралиски Опен. Ова го соопшти директорот на Грен слем турнирот Крег Тајли.
-Разговарав со Надал. Тој го потврди своето учество и има намера да се врати во својата препознатлива форма – изјави Тајли.
За потсетување, Надал се соочи со повреди по УС Опен и е надвор од терените од септември.
Шпанецот во финишот на сезоната го загуби првото место на АТП ранг листата каде сега се наоѓа Новак Ѓоковиќ.