Фото: МИА

Продолжува судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски

„Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски“, потврдија денеска обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска, пред почетокот на новото судско рочиште за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.
Пред рочиштето обвинетиот Влатко Кешишов го сменил исказот – тврди дека Палевски не е виновен за убиствата. Претходно, обвинетите Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Кешишов, како и таткото на девојчето Александар Ѓорчевски се изјаснија дека не се виновни.

Обвинителките прв пат дадоа изјава за јавноста пред почетокот на судењето, а го коментираа и тврдењето на обвинетиот Кешишев кој доставил нова изјава во која наведува дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата.

-Оваа изјава нема доказна вредност, а обвинетите ќе имаат можност да дадат своја одбрана во текот на судењето – изјави обвинителката Стојковиќ Димитровска.

Според обвинението, Кешишев ја одвел полицијата до местото каде биле закопани жртвите и претходно изјавил дека Палевски е сторителот на убиствата. Но, неговата нова верзија го негира тоа тврдење.

Судењето продолжува со испитување на сведоци предложени од Обвинителството, а потоа ќе се разгледуваат материјалните докази кои треба да ја утврдат вината на обвинетите.