фото: Пиксабеј

Жител на селото Мраморак, Србија, се скарал со соседите за паркинг во село со помалку од 3.000 жители, па ги застрелал.

Според српски „Телеграф“ по расправија денеска околу 12 часот сосед пукал во татко (61) и син (28), а по пукањето влегол во автомобилот и избегал со полна брзина.

Полицијата веднаш го блокирала селото и започнала потера.

Напаѓачот набрзо бил уапсен. Во автомобилот имал и друго оружје, покрај пиштолот од кој пукал. Според МВР пиштол, бил во легална сопственост.

Таткото и синот со прострелни рани се пренесени во болница.