ФОРМУЛА 1
Макс Ферстапен ќе ја освои својата четврта светска титула во Формула 1 на улиците на патеката во Лас Вегас, утре (почеток во 7 часот), ако ја заврши трката со 60 или повеќе поени повеќе од Норис во вкупниот пласман, односно ако ја заврши трката пред Норис на која било позиција, пишува „Скај спорт“. Ако и двајцата не освојат поени, Ферстапен, исто така, ќе го заврши викендот како четирикратен шампион.
Ферстапен, кој беше првак во 2021, 2022 и во 2023 година, може да ја освои титулата и во неколку други сценарија, дури и ако биде зад Норис, под услов Норис да не биде подобар за повеќе од два поена.
Од друга страна, Норис мора да го надмине Ферстапен со три или повеќе поени во Лас Вегас за да биде сигурен дека по таа трка ќе има заостаток од 59 поени или помалку за да го задржи во конкуренција најмалку уште една недела.
Во случај двајца возачи на крајот на сезоната да имаат ист број бодови предност ќе има возачот со повеќе победи (Ферстапен сега има осум, Норис три, а најмногу може да има шест).
Во трката за трофејот годинава се само Ферстапен и Норис. Шарл Леклер, пак, би можел да го земе второто место од Норис, откако разликата помеѓу нив е 24 поени, пишува „Скај спорт“. Н.М.