Трансродовите пратеници, персоналот и посетителите на Капитол повеќе нема да можат да користат тоалети, соблекувални и други објекти кои одговараат на нивниот родов идентитет. Новото правило го објави претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон.
-Сите објекти за еден пол во зградата на Капитол и во канцелариите на Претставничкиот дом се резервирани за поединци од нивниот биолошки пол – рече Џонсон во официјалното соопштение во средата.
Новото правило директно ја таргетира новоизбраната пратеничка од Демократската партија Сара Мекбрајд, која стана првата отворено трансродова членка на Конгресот откако го освои местото во Претставничкиот дом на Делавер.
Покрај неа, тоа ќе влијае и на трансродовите посетители, како и на сведоците кои учествуваат на состаноците на комитетите.
-Не сум тука да се борам за тоалети. Тука сум да ги намалам трошоците со кои се соочуваат американските семејства. Не се согласувам со овие правила, но ќе морам да се придржувам до нив – напиша Мекбрајд во објава на социјалната мрежа „Х“.
I’m not here to fight about bathrooms. I’m here to fight for Delawareans and to bring down costs facing families. pic.twitter.com/bCuv7pIZBY
— Sarah McBride (@SarahEMcBride) November 20, 2024