Во рамките на Деновите на српската култура во Македонија, утре и задутре, од 20 часот, премиерно на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде поставена театарската претстава „Реалисти“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.
Манифестацијата е во организација на српскиот културно-информативен центар „Спона“.
Драмата е работена по текст на белградската авторка Јелена Кајго, кој третира повеќе современи теми, отуѓеноста на луѓето, нивната трка по пари и престиж во машината на капитализмот, каде што парите се над сѐ. Цената најчесто е превисока.
Во рамките на Деновите на српската култура ќе бидат отворени ликовна и фотоизложба на кои ќе бидат претставени делата на сликарите: Мирослав Масин, Микица Трујкановиќ, Љубица Мијалковиќ, Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Јовица Мијалковиќ, фотографите на Боро Рудиќ, Јасна Суша и Лука Суша и карикатурите на Дарко Марковиќ.