Водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац ја отворија првата регионална конференција на Бекутан, која броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот

Прва регионалнa конференција под покровителство на Бекутан: „Родителството некогаш и денес“

Експертите и јавните лица се едногласни во однос на ставовите дека родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромис

Дали има совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитувањето и дали таа има граници? Како се менувал пристапот во родителството низ децениите? Дали воопшто постојат точни одговори за многуте родителски дилеми? Ова беа само дел од темите за кои без задршка дискутираа јавни лица и експерти од повеќе сфери поврзани со детскиот развој од Македонија и од регионот на првата регионалнa конференција под покровителство на Бекутан: „Родителството некогаш и денес“. Конференцијата беше посветена на сите деликатни теми и важни предизвици со кои се соочуваат родителите денес, а за кои средината, под влијание на социјалните медиуми, сѐ почесто креира илузија на совршена слика.
Конференцијата ја отворија водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац, а броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот

„Дали мама или баба знае подобро?“

Бебето не доаѓа на свет со упатство за употреба – родителите го имаат првиот потег, беше еден од заклучовите на првиот панел на конференцијата. Докторите, здравствените професионаци, експертите за ран детски развој и психолозите се едногласни дека родителството денес се перципира многу покомплексно одошто порано.
Д-р Амра Јузуновиќ-Каљиќ, педијатар, подвлекува дека мора да постои НЗС низ паралелата на семејните улоги некогаш и денес.
-Она што сите нè поврзува е љубовта кон децата. Иако можеби имаат различни методи, мама и тато, како и баба и дедо имаат една иста цел – најдоброто за своите деца и внуци – рече таа.

Учесници на панелот (од лево кон десно): д-р Натко Бек, педијатар и водител на емисија на ХТВ (Хрватска); прим. д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар-неонатолог (Македонија); д-р Ивана Бралиќ, педијатар (Хрватска); д-р Горан Вукомановиќ, педијатар (Србија); д-р Амра Јузуновиќ-Каљиќ, педијатар (Босна и Херцеговина)

Прим. д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар-неонатолог, во својата дискусија ја потенцираше суштинската улога на фактот дека секое дете е различно, па оттука
генерализациите за совршено родителство најчесто се само извор на дополнителен стрес и притисок врз самите родители.
Д-р Ивана Бралиќ, педијатар, ја потенцираше важноста на индивидуалниот пристап во процесот на растење дете, без притисок од императивот на денешното
родителство „да се биде модерен“.

И љубов и граници

Во воспитувањето по мерка само љубовта треба да биде неизмерна, беше еден од заклучоците на вториот панел на конференцијата. Постои ли баланс меѓу емоциите и поставувањето граници во процесот на воспитување? Колку често родителите се преиспитуваат дали постапиле правилно? Дали родителите се најдобрата верзија на себе пред своите деца и дали идеализирањето на улогата на мајката го зголемува притисокот за тежнеење кон совршено родителство?. Ова беа само некои од темите на кои дискутираа мајките и експертите изнесувајќи ги своите ставови околу вечните родителски дилеми.
-Не сметам дека поставувањето граници, па и наменското казнување во воспитниот процес значат емоционално дистанцирање од децата. Напротив, граници мора да постојат, но тоа бара комплетно индивидуален пристап. Секое време си носи свои предизвици. Ако за мене најголема казна во детството била дека не смеам да играм надвор, за моите деца тоа не би имало никаков ефект – рече водителката Сања Кужет.
Јелена Холцер, педагог и основач на „Училиште за родители“, истакна дека нашите баби и дедовци и нашите родители биле многу поедноставни во процесот на пренесување вредности кон децата.

Учесници на панелот (од лево кон десно): Мирна Медаковиќ-Степинац, хрватска актерка и амбасадор на УНИЦЕФ (модератор на панелот); Ружица Максимовска, уредник на магазинот „Портрет“ (Македонија); д-р Натко Бек, специјалист педијатар и водител на емисија на ХТВ

-Во тој поглед, тие имаат блага предност во таа родителска улога, во однос на нас. Нашите деца денес, како резултат на огромната достапност на информации (интернет), можат сами да дојдат до одговори на одредени прашања. Или ако од вас го добијат одговорот кој не им е по мерка, посегнуваат кон друг, сопствен извор на информации – рече таа.
Д-р Натко Бек, педијатар и водител на емисија на ХТВ, нагласи дека во процесот на воспитување ние сме граница.
-Нашиот пример е она кое им покажува на децата до каде можат да одат – рече д-р Бек.

Татковството не е должност туку љубов!

Завршниот панел на Бекутан- конференцијата, кој беше посветен на татковците и на нивната посебна улога во текот на растењето и развојот на децата, даде искрени одговори на прашањата за емотивната трансформација во осознавањето на татковската улога, но и цврсти ставови за општо прифатената валоризација на главната улога на мајката. За сопствените искуства низ непосредни дискусии зборуваа актерот и водител Тарик Филиповиќ, актерот Петар Бенчина, како и нашиот актер Сашко Коцев
-Прашањето од типот дали таткото помага е сосема погрешен наратив. Банално е поистоветувањето на грижата за сопственото дете со некаква помош за сопругата. Татковската улога е сосема комплементарна во едно семејно секојдневие – истакна актерот Петар Бенчина.

Учесници на панелот (од лево кон десно): Жарко Димитриоски, водител и модератор на панелот (Македонија); Сашко Коцев, актер (Македонија); Петар Бенчина, актер (Србија); Тарик Филиповиќ, актер и водител (Хрватска)

Согласни дека цврстата врска меѓу таткото и детето започнува од првиот ден на раѓањето, панелистите низ сопствените искуства говореа за татковската улога во емоционалниот детски развој.
-Во моментот кога станав татко сфатив дека животот се сведува на периодот „пред“ и „потоа“. Тогаш сфатив и дека ми недостасувале вистински грижи во животот – истакна Филиповиќ.
Коцев беше дециден дека клучот за здрав родителски пристап е непосредноста во семејните, односно партнерските односи кога е во прашање поделбата на обврските.
-Родителството не е ексел-табела. Спонтаната организација во зависност од обврските на двајцата родители, веројатно, е некаква тајна на успехот. Природно е да ја преземам грижата околу детето кога сопругата има дежурство на работа; исто и таа кога јас сум на снимање. Не требаат потпис и печат за успешно родителство. Напротив! – изјави Коцев.
Жарко Димитриоски, кој беше и модератор на татковскиот Бекутан-панел, низ сопственото искуство на тазе татко, потенцираше дека татковската улога е клучна, особено во првите денови по раѓањето на бебето, кога воедно и се формираат навиките за здраво родителство.
Брендот „Бекутан“ е на фармацивстката компанија „Алкалоид“. Годинава се одбележуваат 46 години од овој бренд.

Фото: „Алкалоид“