Книга на францускиот историчар Емануел Тод
Францускиот историчар Емануел Тод, кој го предвиде крајот на Советскиот Сојуз, сега го предвидува крајот на Западот „побрзо од очекуваното“. Ова е тезата на неговата книга „Западот во пропаѓање“, пишува „Франкфуртер рундшау“.
– Западот веќе ја загуби стратегиската конфронтација во Украина. Тоа не се должи само на слепата или исчезната стратегија туку и на тоа што двата столба на Западот, нацијата држава од една страна и религијата од друга страна, пропаднаа. Како што предвиде Фридрих Ниче, крајната религија ќе биде придружена со нихилизам, сепак овој нихилизам е смртоносен, речиси самоубиствен – пишува Тод.
Тод оцени дека САД успеале да ја вовлечат Европската Унија, а со тоа и Германија, во војна против Русија и е сосема сигурен дека „САД ќе ја загубат оваа војна бидејќи воените средства што ги користат против Русија се премали“.
– Германија ќе треба да избере помеѓу бескрајна војна или мир со Русија – посочи Тод и изјави дека книгата ја напишал како антрополог и историчар, кој без емоции ги набљудува и оценува глобалните настани.