Фото: МВР на Хрватска

Во неделата околу 1 часот и 10 минути по полноќ во Сплит, полициски службеници при вршење работи на сообраќајна контрола запреле автомобил управуван од 42-годишна жена, пишува Слободна Далмација.

Возачката во видно алкохолизирана состојба на особено безобразен и дрзок начин го нарушила јавниот ред и мир, со викање и пцуење кон полицајците што вршеле службени задачи, информираат од полицијата.

– Одби да ја исполни наредбата на полициските службеници да престане да ја навредува и омаловажува, за што врз неа биле употребени средства за присилба, физичка сила и средства за врзување и била спроведена во службени простории.

Извршена е алкотестирање и утврдено е дека го управувала возилото под дејство на 1,06 г/кг алкохол, но немала возачка дозвола или не ја покажала по барање на полицискиот службеник. Откако се отрезнила, била спроведена во Општинскиот суд за прекршоци, од каде било побарано да ѝ одреди мерка притвор, и да биде осудена на 30 дена затвор и парична казна од 5.000 евра, бидејќи досега четиринаесет пати била санкционирана за сообраќајни прекршоци – извести сплитската полиција.