Домување
Дали се чувствувате како да губите многу време подготвувајќи се секое утро? Неколкупати влегувате во кујната, го заборавате шишето со вода, не знаете каде ви е торбичката со бонбони, се прашувате каде сте ја ставиле ужината. Страдате од едноставен проблем – пренатрупана кујна! Во последните години се појавија толку многу мали нешта што ни го олеснија животот – разни апарати, блендери, миксери – сето тоа наеднаш ни е неопходно за да приготвиме специјално кафе, цедено овошје или посебен појадок. И сето тоа, некако, си најде малку место на работната маса во кујната, но повеќе нема место за ништо друго. Што прават редовно искусните домаќинки?
Работната маса во кујната мора да биде доволно расчистена за да имате простор барем за една активност во кујната во секое време. Тоа значи дека треба да има доволно простор, на пример, за штица за сечкање салата или приготвување сендвичи за детска ужина. За да успеете во тоа, обидете се да ги отстраните од шанкот сите кујнски апарати што поретко ги користите. Оставете го големиот миксер во долниот плакар, веднаш избришете ја машината за матење кафе и вратете ја во фиока. Доколку таму е тесно, изберете друга фиока за кујнски прибор. Проверете дали просторот под мијалникот е доволно добро искористен – новите елементи за организација на кујната ви дозволуваат да ги удвоите полиците со додавање уште една под мијалникот.
Најважно од сѐ – откажете се од оние работи што повеќе не ги користите или ги користите исклучително ретко. Ако сте престанале да пасирате компири за пире рачно или да пржите вкусни лепчиња, приборот за приготвување на овие специјалитети дајте им го на оние домаќинки што имаат поголеми кујни од вас.