Фото: Пиксабеј

За постарите луѓе да имаат доволно стабилност, рамнотежа и сила за да ја дочекаат стотата година на нога, некои едноставни и лесни вежби се спас. Постарите луѓе вежбаат поретко поради различни причини. Некои од нив имаат хронични заболувања, проблеми со зглобовите или повреди што може да им го отежнат движењето. Покрај реалните здравствени ограничувања, постојат и оние од психолошка природа: страв од повреда, загриженост за паѓање или влошување на здравјето. Исто така постои недостиг од мотивација – чувството на замор, депресија или осаменост може да ја намали волјата да се биде активен. Многу е важно да се поддржат постарите луѓе на кои им е потребна околината за да им помогне да станат поактивни. Исто така важно е да знаат едноставни вежби за кои не им се потребни реквизити или премногу простор. Издвојуваме едноставни вежби што ќе ви помогнат да ги подобрите вашата сила, рамнотежа и виталност!
1. Стоење покрај стол (10 повторувања): Оваа вежба ги зајакнува нозете и ја подобрува рамнотежата. Седнете на столот, станете, па повторно седнете.
2. Бавно кревање на колената (45 секунди): Го зголемува пулсот и ја развива координацијата. Наизменично кревајте ги колената високо со стабилно темпо.
3. Кревање на прсти (25 повторувања): Ги зајакнува листовите и ја подобрува стабилноста. Подигнете ги петиците, а потоа вратете ги на подот.
4. Подигање на прстите (15 повторувања): Ги зајакнува потколениците и придонесува за рамнотежа. Подигнете ги прстите на нозете, а потоа спуштете ги малку.
5. Балансирање на една нога (30 секунди секоја нога): Ја зголемува стабилноста. Застанете на едната нога, потпирајќи се на ѕид доколку е потребно.
6. Склекови на ѕид (10 повторувања): Го зајакнува горниот дел од телото. Потпрете ги дланките на ѕидот, свиткајте ги лактите и доведете ги градите до ѕидот.
Со редовно изведување на овие едноставни вежби, не само што ќе ја одржите виталноста туку и ќе ги подобрите рамнотежата и силата за секојдневните активности.