Минатата недела во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје почна со работа втората работилница за креативно пишување на ГБСК.
И годинава писателот Александар Русјаков преку интерактивен пристап ги води средношколците и студентите низ основите на пишувањето различни жанрови и видови
– Среќни сме што во групата има доста млади што веќе беа дел од првата работилница. Тоа значи дека ги препознале нашите напори да ја доближиме библиотеката до нив и во неа да најдат свое место за креација. Среќни сме и што запознавме нови имиња, за кои веруваме дека допрва ќе се слуша на нашата книжевна сцена – велат од библиотеката.
Резултатот на првата работилница е изданието „Антологија на иднината“, на кое сите учесници се особено горди.