Филмската публика не го криеше своето незадоволство од ова ново филмско остварување на Филипс, кое несомнено се очекуваше со нетрпение. Обожавателите на еден од најомилените негативци во светот на суперхероите останаа разочарани по прикажувањето на овој филм, во кој главната улога на Џокер повторно ја толкува фантастичниот Жоаким Феникс, кој имаше голем успех со првиот филм, па аналогно на тоа и очекувањата за неговото продолжение беа големи
Рецензија
„Музичка несреќа“, „За ова чекавме пет години?!“, „Многу разочарувачки“, „Дали продуцентот/сценаристот ја изгубил главата?“… Ова беа дел од многубројните коментари што осамнаа по премиерата на новиот филм на Тод Филипс, насловен „Џокер: Лудило за двајца“, кој е продолжение на филмот „Џокер“ од 2019 година. Филмската публика не го криеше своето незадоволство од ова ново филмско остварување на Филипс, кое несомнено се очекуваше со нетрпение. Обожавателите на еден од најомилените негативци во светот на суперхероите останаа разочарани по прикажувањето на овој филм, во кој главната улога на Џокер повторно ја толкува фантастичниот Жоаким Феникс, кој имаше голем успех со првиот филм, па аналогно на тоа и очекувањата за неговото продолжение беа големи. Друштво му прави мегапопуларната американска пејачка, авторка и актерка Стефани Џоан Анџелина Германота, во јавноста позната по уметничкиот синоним Лејди Гага, која ја толкува улогата на Харли Квин. Борејќи се со својот двоен идентитет, неуспешниот комичар Артур Флек (Жоаким Феникс) ја запознава љубовта на својот живот, Харли Квин, додека е затворен во државната болница „Аркам“. Меѓу нив се раѓа искра, но се чини дека дејството остана студено, сценариото клаустрофобично, а приказна празна и затворена во тој мал универзум на Готам.
„Џокер: Лудило за двајца“ е повеќе како спин-оф отколку вистинско продолжение. Изведбата на Хоакин Феникс е добра, но нема суров интензитет што го дефинираше неговиот портрет во оригиналот. Лејди Гага, од друга страна, се чинеше дека намерно ја ублажи својата вообичаена раскошност, веројатно за да избегне да го засени Феникс. Музичките сцени, полни со енергија и спектакл се главна точка на филмот, при што пеењето и танцувањето нудат моменти на одмор од инаку несмасниот наратив. За жал, овие секвенци не можат да ја одржат динамиката на филмот. Недостигот од значителен заплет го прави филмот предолг, одолжувајќи го повеќе од два часа, па така, тој е непотребно растегнат. Без реалната психолошка напнатост на неговиот претходник, филмот се бори да ја најде својата основа, оставајќи му повеќе снисходливо изложување на музичкиот дел отколку кохерентно, ангажирано продолжение на приказната, велат дел од филмските обожаватели.
– „Џокер“ беше тежок и интензивен психолошки трилер што истражуваше сложени теми на ментална болест и социјален распад. Тоа беше суров и мрачен филм на кој не му требаа трикови. Зошто некој би помислил дека е добра идеја да се претвори „Џокер 2“ во мјузикл? – разочарано прашува друг обожавател. Ова е шлаканица за љубителите на оригиналот. Не баравме танцување и пеење. Сакавме иста вознемирувачка атмосфера, а не сцени во стилот на „Бродвеј“ среде лудилото на Готам.
Ова е губење време. Како голем обожавател на „Џокер“, очекував впечатливо враќање пет години подоцна. Филмот беше целосно промашување. Секогаш кога мислев дека филмот оди кон подобро, стануваше полош. Заштедете време и пари. Настапот на Хоакин Феникс беше одличен, но сценариото беше страшно. „Џокер: Лудило за двајца“ е најлош филм за 2024 година. Филмот повеќе изгледаше како приказ на пејачката и актерската способност на Лејди Гага. Верувам дека ова е можеби најголемиот пропуст на бокс офисот во 2024 година, заклучува дел од филмската публика.
Сепак, „Џокер 2“ доби и некои позитивни критики. Британскиот таблоид „Гардијан“ е многу поблаг во коментарите. Оттаму дури одат во правец дека ова продолжение има подобрување во однос на првиот филм. „Џокер: Лудило за двајца“ има структура и вкус што ги немаше првиот филм. Сензационалниот актерски и музички талент на Лејди Гага сега е во комбинација, иако ни приближно како длабочината што ја имаше во „Ѕвездата е родена“ со Бредли Купер.
Без сомнение, ова филмско остварување е сензационално. Меѓу другото, „Џокер 2“ има одлична споредна актерска екипа, со Брендан Глисон како затворски чувар, Кетрин Кинер му е адвокатка на Артур, Стив Куган е ТВ-интервјуер на таблоид и Зази Бец накратко ја повторува својата улога како поранешна сосетка на Артур.
Лејди Гага внесува итра и манипулативна злоба во својата улога. Харли е таинствена, паметна и искрено вознемирена на начин на кој Артур можеби не е. Дали таа ќе биде новата Лејди Магбет? Конструкцијата на приказната не му дава на нејзиниот лик многу шанса за развој во таа насока или во која било друга насока. И можно е да се чувствувате многу немирно во текот на последниот дел и да се запрашате дали нешто од далечина веродостојно, тажно, смешно или неочекувано ќе се открие за Артур, со оглед на тоа што говорот на телото на филмот инсистира на неговата митска важност, потенцира „Гардијан“, осврнувајќи се на ликот на Харли Квин.
Сакајте го или мразете го, но едно е јасно. Оваа смела филмска авантура на режисерот Тод Филипс, која беше прикажана на Филмскиот фестивал во Венеција, сигурно им ги заскокотка чувствата и на најтврдите филмски љубители. Останува да го погледнете „Џокер: Лидоло за двајца“, па сами да процените дали вреди.