Отворено писмо до Алексис Ципрас

(по повод доделувањето на наградата „Никос Никифоридис“
за мир за Преспанскиот договор)

Господине Ципрас, ви ја честитам грчката награда за мир за Преспанскиот договор, кој е par excellence геноциден. Со него вие Грците варварски, иако завиткан во софистициран политички целофан, извршивте идентитетски геноцид над Македонците, крадејќи го за свои патолошки потреби нивното генеричко име. Во тоа ја имавте, се разбира, како и секогаш штедрата поддршка на западната колонијалистичка, и прославена (за што пишуваат нејзини антрополози) со многу геноциди низ светот заедница. Сега оличена во Брисел и Вашингтон, заедно и со Атина и Софија, извршители на нашата идентитетска, мемориска смрт. А, да ве потсетам, таква штедра помош за ликвидација на Македонците вие Грците од Запад имавте и во 1948, кога Европа бргу-бргу по Хитлер, имено, го обнови фашизмот врз наш грб. Америка, пак, тоа го беше направила многу порано, во 1945 со Хирошима и Нагасаки. Главен архитект на македонскиот геноцид во Егејска Македонија 1948 беше, за нас и полош од Хитлер, Черчил. Тогаш со напалм-бомби од авионите од американско потекло со англиски пилоти се убиваше и чистеше за Грците сè што е македонско. Се убиваа и неродените македонски деца, сè уште неизлезени на светлина, во утробата на македонските мајки.
Така. Сè е јасно. Нека ви е на здравје наградата за мир господине Ципрас, мислејќи дека со Преспанскиот договор засекогаш се упокоени Македонците. Без да го имате предвид нивниот вампирски нарав. Сè ни е јасно. И тоа дека до крајот од осумдесеттите од минатиот беше најстрого, репресивно забрането името Македонија, а потоа во деведесеттите пак со помош на „меѓународната“ тргнавте силно во негова кражба од нас. Тоа беше и од западните колонизаторски центри убаво смислено политички со репресивни закани по Македонците. Да се присвои варварски туѓото големо име чиј лак се протега од Пела преку Персија до Индија на исток, и од Индија до пирамидите на Египет и Вавилон во Халдеа. Сакавте, под притисок на потсвесниот сомнеж дека не е ваш, да го оверите за свој со сатански печат културно-цивилизацискиот имот на македонското име, кое впрочем ние Македонците со космополитски дух (за разлика од тесно етноцентричните Грци) му го подаривме и на целиот свет. Да, господине Ципрас, иако и Оксфорд и Кембриџ и Сорбона (буткајќи нè како дивјаци зад Карпатите) го слават таканареченото цивилизациско „грчко чудо“ длабоко во својата потсвест, која за Фројд во крајната инстанца е сепак свест, сомневајќи се во него и во мегафалсификатот на одисејски лукавиот Германец Дројзен. Да. Оти има некои освестени и научно и етички посветени на правдата и вистината умови, кои ја демистифицираат мегалагата. Ги има нив. Ајде во тој контекст да ги спомнеме професорот Хамонд од Оксфорд и американскиот историчар со светска репутација Јуџин Борза, кој е дециден тука кога вели: „Кога се во прашање Античките Грци, Македонците не биле Грци“. Точка. Но ајде сега да појдеме и кај античките историчари, кои, многу од нив, го тврдат тоа. А во оваа плејада ние го издвојуваме таткото на историјата, Херодот, кој вели дека Грците на овие простори дошле од супсахарска Африка (Египет) како Данајци. Тука како крлежи се вглобиле во домородните Пелазги и од нив позајмувале (еуфемизам за краделе) нов антрополошки материјал: митови, преданија и обичаи. Надоврзувајќи се, пак, на Херодот таа вистина за супсахарските Грци (Данајци), дојдени од Африка тука патем и за несреќа на Македонците ја потврди и професорот Бернал со книгата „Црна Атина“, преведена како нов документ за грчката лага и на македонски.

„Големо ни е Името, ќе посегнат да ни го земат“ велеше пророчки нашиот поетски бард, лингвист од ранг и визионер Блаже Конески. И тоа и се случи како принудна македонска колективна евтаназија само со потписот на едно смртоносно пенкало на македонскиот изрод, знаете кој, со палеолитски профил господине Ципрас. И за време на таа евтаназија грчките камбани Фанар биеја бавно и мртовечки за вечно упокојување на Македонците, без да знаат тие попови („лицем светци срцем волци“ – Прличев) дека Македонците се школувале во училиштето на Исус, па знаат како него и тие од смртта да прават живот. Циничниот Грк Демостен, кој ги мразеше Македонците, со фенер напладне бараше меѓу Грците човек со бурето подмишка, но не го најде. А тој човек (или човечица како што велеше поетот Јозо. Т. Бошковски), тој со фенерот од гробот по столетија го најде, најверојатно, во Анастасија Каракасиду. Е, таа доблесна Гркинка, меѓу недоблесните Грци, господине Ципрас, најде храброст и доблест во својата докторска дисертација да го објави на светот грчкиот геноцид врз Македонците во 1948. Неа таа ја одбрани блескаво на универзитетот „Кембриџ“, но по објавувањето доби закани од Грците по нејзиниот живот. Е, таа сјајна Гркинка (се осмелувам да речам со македонски космополитски, а не со грчки етноцентричен ум) својата дисертација за грчкиот погром над Македонците ја започнува со индикативна екстаза: „Македонија е збор што со векови кај многумина, и Грци и други, буди визии на една моќна и блескава античка земја. Тие слики се формираат преку археолошките откритија и историските легенди, поврзани со ликот на Александар Велики или неговиот татко Филип од Македонија“.
Сè е јасно. Сликата на меморијата е слика на идентитетот на еден народ. За Александар Македонски има многу песни кај Македонците. Ѓорѓија Пулески во неговата „Славјаномакедонска историја“ има дадено десетина од нив, а историчарот Петар Попоски објави цела една книга. А кај вас Грците нема ни една. Вие, се разбира, имате песни за вашите антички јунаци, атињанинот Темистокле и спартанецот Леонид. И тоа кажува сè, дека Александар не е Грк, туку варварин како што велеше во своите „Филипики“ за Македонците од кои не можело да се купи ни пристоен роб македономрзецот Демостен. Тоа е вистината. И вие Грците не само во антиката, кога тие ве победиле, покориле и обединиле, туку и денес како него силно ги мразите Македонците и канибалистички сте настроени кон нив, но ги сакате нивното славно име и неговиот огромен културно-цивилизациски имот. Секогаш сте го пљачкале него уште од доаѓањето од црна Африка тука, како што тврди и Херодот, а во Преспа 2018 конечно, како што мислите и вие и Брисел и Вашингтон, ги ставивте Македонците во гробница, ама еден ден по некоја голема катастрофа, која ќе го однесе ѓубриштето на оваа цивилизација, ќе се изненадите, тие ќе излезат уште поживи од неа.

Сè е јасно господине Ципрас. Одамна планираниот од вас идентитетски геноцид за тотално мемориско усмртување на Македонците е изведено во Преспа во јуни 2018 со еден перверзно политички софистициран темен фашистички обред. Обредно раскошна смрт на цел еден народ. Темна антропологија. Но тука, да знаете, има нешто болно во психата на колективот што го прави тоа злосторство, грчкиот, но и на западниот. Цивилизацијата што особено интензивно и во континуитет ги ништи Македонците и физички и идентитетски заедно со своите балкански предатори почнувајќи од Букурешт 1913 наваму. Сè до денес и понатаму. И тоа е страшна патологија, психијатриски случај на колективната психа на еден народ или раса. За тоа пишуваат и некои современи антрополози, психолози и психијатри што ги интересира феноменот патологија пошироко од патологијата на индивидуата. За тоа има нешто кај Јунг и Фројд, па и кај Иполит Тен, творецот на теоријата за синхрониската врска на расата, средината и историскиот момент. И гледам, ве интересира сега господинe Ципрас, основната дијагноза на таа грчка колективна и европска патологија. За Грците тоа се болната опсесија Македонија и усмртување на современите Македонци, знаејќи макар и потсвесно (иако сте свесни за тоа) дека тие се генерички наследници на македонскиот антички извор. Точка. А дијагнозата за Европа е нејзиниот патолошки Едипов комплекс кон Грција, особено пламнат во романтизмот (19 век) пред сè и со мегафалсификатот за „грчкото чудо“ на мегафалсификаторот Дројзен. Рековме. Кусогледа во духот Европа целата своја културно-цивилизациска генеза ја гледа во Грција, а да ја скрие тука Античка Македонија по сугестија на Дројзен лукаво ја вклопува неа во грчка генетска и културолошка рамка. Тоа е слепило. Имено, затоа во смисла на својата културолошка и цивилизациска генеза и ја потсетува германскиот писател и хуманист Томас Ман Европа дека залидана по Грција сосема заборавила на јудео-христијанската цивилизација, која за неа веројатно е и поважна од грчката.
Точка. Така изгледаат работите господине Ципрас. Да речеме, како што сакате, дека сме идентитетски мртви по Преспа 2018. Добро, нека е, ајде, ама што ќе правите, не знам како ќе се снајдете со многуте крунски библиски сведоштва за нашата генеза што ја носи Библијата низ неа од првата страница на книгата Битие на Стариот до последната на Новиот завет. А? На пример, како вие мегафалсификатори ќе се справите со некои крунски аргументи што ги нуди апостол Павле за идентитетот и колективната душа на Македонците, а во компарација со Грците. Тоа што, безбожниците во Фанар од македонска перспектива („Лицем светци срцем волци“ – Прличев) тоа добро го знаат, тој според божја промисла е испратен токму во Македонија и кај Македонците, а не во Грција и кај Грците. Во своите посланија, особено тие до Солунјаните и Филипјаните, тој за Македонците вели дека се „светлина во расипан род“ (читај Европа). Со нив соработувал, оти ги спознал како христолики, одлично, но како што соопштува самиот, со Грците, господине Ципрас, имал проблеми да ги христијанизира (и тие во Фанар уште не се дохристијанизирани) бидејќи биле тврдоглави и тешко се одвикнувале од паганството. Тој во Македонците имал бескрајна доверба оти биле богољубиви, па им препорачувал на Ахајците (така ги викал Грците) да се угледаат на нив. Во Атина на двапати имало обид да биде убиен во синагогите, но немал доверба да побара заштита кај Грците, туку се враќа за тоа кај Македонците со кои, како што вели, сакал да се пофали и пред Господ. А кога собирал помош за сиромашните во Ерусалим констатирал: „Македонците иако беа најсиромашни дадоа најмногу“. Потоа уште ова. Во самиот почеток на Второто послание до Солунјаните обраќајќи им се на македонските христијани во храмот вели дека се од почеток избрани за спасение. Ете. Читајте ги внимателно посланијата на Павле и Дела апостолски, па можеби нешто ќе ви се разјасни господине Ципрас. Или пак сè, и намерно, ќе ви биде матно како на оние во Фанар, кои ниту се христолики ниту имаат нешто со Христос, освен да го користат него политички во корист на ултранационалистичката грчка мегали идеја, која идентитетски, во стилот на крволочните андарти што му ја зедоа главата на Лазар Поп Трајков, ги заклаа Македонците во Преспа на 17 јуни 2018. Точка. Nocturno, de profundis, memento mori.
Крај, финито, но притоа и едно македонско no pasaran господине Ципрас награден за мир за варварскиот и канибалистички Преспански договор.

Оти точно напладне на 17 јуни 2024 падна по идентитетското убиство на Македонците темница врз цивилизацијата, таква како што падна врз планетата, но и врз вселената, по распетието на Христос предаден од Евреите, а распнат од римските војници на Голгота. Темница што траеше цели три часа, ама тие три часа имаа во себе компримиран временски лак на светската трагедија сè до голготата на Македонците во Преспа. И понатаму, сè до конечната смрт на безбожната цивилизација како што е предвидено во Откровението на апостол Јован на последните страници од Новиот завет, кога, како што рече Исус, Отецот ќе создаде Ново небо и Нова земја и ќе ѝ стави крај на ентропијата од сите видови: физичка, духовна и морална.
Тоа и така господине Ципрас. По твојата награда за мир за Преспанскиот договор сега време е за новата Иродова гозба во Атина (па и во Брисел и Вашингтон), оти се заклани витлеемските (читај македонските) деца, а со цел да се убие меѓу нив Богомладенецот Христос. И сега на неа како крунски печат на канибалистичката цивилизација на трпезата е и пресечената идентитетска глава (како супституција на онаа на Јован Крстител) на Македонците. И таа е сега во златната чинија на македонскиот егзодус на рамената на новата Саломе Европа (или сега Евроамерика, сеедно). Но блудната бриселска и атинска Саломе сè уште не го почнала танцот со неа, господине Ципрас. Го чека од смуртеното Муртино, Зоран Заев, за малку нобеловец. Тој еве ита кај вас со луксузниот мотор и со Димитров зад себе. И веќе се во Атина. Брзо возат кон катастрофата. И еве почнува танцот на перверзната убавица европската Саломе со пресечената глава на Македонците, а вие грчките, европските и домашните македоноубијци, котеруљевци наздравувате за смртта на Македонците што им носи конечно мир на Грците (прашање до кога), пеете темни мртовечки песни и ги полните до врв чашите со виното на смртта.