Утре и задутре во Мобилната галерија ќе се одржат два настана од 19 часот. Утре ќе има отворен разговор на темата „Културата и културната дипломатија во времиња на војни – искуства и предизвици“. Воведни говорници на дискусијата ќе бидат Флавиус Илони Лога, претседател на асоцијацијата ЛОГС од Романија; Јана Розбитскаја, кураторка и претседателка на организацијата „Фаина“ од Украина; Софија Ковалова, украинска уметницца; Никола Димитров од балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и Ѓорѓе Јовановиќ, уметник. Идејата на разговорот помеѓу другото е да се воспостават нови соработки и партнерства со украина.
В среда посетителите ќе имаат можност да ја видат изложбата „Украина e…“, да ги слушнат звуците на модерната и традиционалната украинска музика во интерпретација на украинските вокалисти Ана Бречко, Софија Ковалова и Лесја Баженова, и да уживаат во вкусовите и мирисите на традиционалната украинска храна.