Обилните врнежи од дожд кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикаа поплави во повеќе градови. Поплавени се улици и станбени згради во Јабланица, Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, јавуваат босанските медиуми.
Според неофицијални информации до кои дојде порталот Klix.ba, бројот на загинати во поплавите и одроните во Јабланица е зголемен на над 10 лица. Оваа информација се уште не е официјално потврдена од МВР. Како што дознава Кликс, покрај војниците на вооружените сили на БиХ, во операцијата за пребарување и спасување се вклучиле и британските специјалци кои биле на обука во БиХ.
Денеска ќе се одржи итна седница на Советот на министри на БиХ.Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) Нермин Никшиќ зборуваше за поплавите кои зафатија одредени делови од земјата, во кои според првичните информации има и жртви.
-Поради обилните врнежи во текот на ноќта, неколку места во областа Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница беа зафатени од поплави и одрони. Од вечерва сум во комуникација со екипите на терен и ја координираме операцијата за помош, покрај сите тешкотии што ги имаме во комуникацијата поради оштетените мрежи – рече Никшиќ.
Тој вели дека ситуацијата е многу сериозна, бидејќи голем број граѓани се уште се заробени во своите куќи и спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до нив.
-За жал имаше и човечки жртви, но се уште ги немаме сите информации поврзани со тоа. За се ќе ја информираме јавноста штом добиеме потврда од терен. Мобилизирани се сите надлежни и интервентни екипи уште од рано Успеале да евакуираат одреден број граѓани кои останале затрупани во нивните домови, а и понатаму ги посетуваат погодените подрачја за да ги спасат луѓето и да им пружат помош во текот на денот – нагласуваат Никшиќ.
Како што јавува Кликс, во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица, патот е целосно исчезнат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата испратена до хрватскиот портал Индекс од читател, може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа. Со ова се потврдуваат претходните информации дека Јабланица е отсечена од остатокот на Босна и Херцеговина и од југ, односно од правец на Мостар.
Малку претходно Планинарската служба за спасување (ГСС) Јабланица ги повика жителите да се обратат за помош во ГСС и пожарникарите за со заеднички сили да се обидат да ги спасат загрозените од поплавите предизвикани од обилните врнежи во текот на ноќта. Потврдено е дека Јабланица е целосно блокирана.
-Полицијата не извести дека е блокирана и пругата. Во моментов не можете да влезете или да излезете од Јабланица. Фиксните телефони работат, но мобилните телефони немаат сигнал – велат од ГСС.
The M-17 road that is directly linking Sarakevo to Mostar has been washed away by flooding last night near Jablanica. Traffic completely halted.#Bosnia pic.twitter.com/4fu8oleWjk
— Aldin 🇧🇦 (@aldin_aba) October 4, 2024
#poplave #Jablanica #željeznice #pruga
Teretni i punički #vozovi očito još zadugo neće putovati iz #Mostar prema #Sarajevo pic.twitter.com/CG8DaKcEVy
— Salko Bijedić (@Salko_Bijedic) October 4, 2024