Фото:ЦУК

Од Центарот за управување со кризи информираат дека гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали.

Фото:ЦУК

Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата.

Пожарот бил пријавен во СВР Скопје во 1.55 часот, а избувнал во подрумски простории во зграда на улицата „Серава“.

Хоспитализирани се вкупно 43 лица коио вдишале чад. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Клиниката за детски болести биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.