Фото: Фејсбук/Марк Закерберг

Марк Закерберг, извршниот директор на Мета (Инстаграм, Фејсбук, Тридс и Ватсап) го зголемил своето лично богатство за 73,4 милијарди долари и достигнал 201 милијарда долари во 2024 година, покажуваат последните податоци од индексот на милијардери на Блумберг. Со тоа, тој станува четвртиот најбогат човек во светот, приклучувајќи се на т.н клуб вреден 200 милијарди долари, во кој има само уште тројца членови, објави Си-Ен-Ен.

На таа листа пред Закерберг се извршниот директор на Тесла и на платформата Х, Илон Маск (272 милијарди долари), Џеф Безос, основач на Амазон, (211 милијарди долари) и Бернард Арно, извршен директор на луксузниот бренд LVMH, (207 милијарди долари).

Закерберг (40), кој го основа Фејсбук во 2004 година, врзал голем дел од своето богатство во акции на Мета платформи. Акциите на Мета добија скоро 64% ​​во 2024 година. На 25 септември, средствата на компанијата се зголемија за 0,9% за да се затворат на рекордно високо ниво од 568,31 долари. На 27 септември акциите на Мета паднаа на 567,36 долари, пишува Си-Ен-Ен.