Фото: ЕПА

Три тима го освоија клупското СП двапати по ред, Сиудад Реал, Барселона (двапати) и Фуксе Берлин, а Барселона и Магдебург по трипати во низа. Магдебург сега има шанса да стане првиот тим во историјата што четири пати по ред ја освоил титулата на Светското клупско првенство

РАКОМЕТ – ОД ДЕНЕСКА ВО ЕГИПЕТ 17-ТО ИЗДАНИЕ НА КЛУПСКОТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Водечкото светско ракометно клупско натпреварување Суперглоуб на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) е ребрендирано, почнувајќи од годинашниот турнир, од денеска, во Египет, па 17-то издание на клупското светско првенство (СП) ќе биде именувано како Светско клупско првенство за мажи на ИХФ, пишува Интернационалната ракометна федерација.
Три тима го освоија клупскиот мундијал во ракомет двапати по ред, и тоа Сиудад Реал, Барселона (двапати) и Фуксе Берлин, а Барселона и Магдебург ја освоија титулата трипати во низа. Додека Барселона доминираше во конкуренцијата помеѓу 2017 и 2019 година, Магдебург ги освои претходните три изданија, двапати победувајќи ја Барселона во финалето, во 2021 и во 2022 година.
Така, Магдебург сега има шанса да стане првиот тим во историјата што четири пати по ред ја освоил титулата на Светското клупско првенство за мажи, пишува ИХФ.
Барселона има девет настапи на клупските светски првенства, пласирајќи се секојпат на подиумот и освојувајќи ја титулата пет пати. Шпанскиот клуб е најуспешниот во историјата на натпреварувањето, но уште ја бара својата прва победа од 2019 година, откако двапати беше второпласиран, во 2021 и 2022 година, и трет во 2023 година, при што секојпат имаше пораз од Магдебург, пишува ИХФ. Н.М.