Здрава храна
Иако поради долгото одгледување не е познато точното место на нивното потекло, тие најверојатно потекнуваат од регионот што се протега помеѓу Египет и Месопотамија. Тие се во човечката исхрана илјадници години, а и денес се многу популарни поради големиот број здравствени придобивки што ги даваат.
Зошто урмите треба да бидат на вашето дневно мени?
Тие се многу хранливи: Урмите имаат одличен нутритивен профил. Кога се сушени, нивната калорична содржина е поголема од повеќето свежо овошје. Најголем дел калории во урмите доаѓаат од јаглехидратите. Остатокот е многу мало количество протеини. И покрај калориите, урмите содржат и некои важни витамини и минерали покрај значителното количество влакна.
Висока содржина на влакна: Внесувањето доволно влакна е важно за целокупното здравје. Влакната во урмите може да бидат корисни за контрола на шеќерот во крвта. Влакната го забавуваат варењето и можат да помогнат да се спречи превисокото зголемување на шеќерот во крвта по оброк.
Богати со антиоксиданти: Урмите даваат различни антиоксиданти што имаат голем број здравствени придобивки. Антиоксидантите ги штитат клетките од слободните радикали, нестабилни молекули што можат да предизвикаат штетни реакции во вашето тело и да доведат до разни болести.
Природен засладувач: Урмите се извор на фруктоза, која е природен вид на шеќер што се наоѓа во овошјето. Поради таа причина урмите се многу слатки. Тие претставуваат одлична здрава замена за белиот шеќер во рецептите поради хранливите материи, влакната и антиоксидантите што ги обезбедуваат. Важно е да се напомене дека иако урмите се богати со растителни влакна и хранливи материи, тие сепак се доста калорични и најдобро е да се консумираат умерено.