Pozar
Фото: ЦУК

Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се три и изгаснати се девет, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Прилеп, кај с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен, каде гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Во Општина Чашка активен е пожарот на планината Мукос, кај село Ораов Дол, каде гори ниска вегетација, мешана борова и липова шума. Пожарот кај с.Оморани е локализиран, а кај с.Степанци е ставен под контрола.

Во Општина Петровец гори нискостебелста шума кај селата Градманци – Брезница – Катланово.

Нискостеблеста шума, смреки и сува трева, гори во Општина Штоп, кај селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак.

Во Општина Долнени активен е пожарот кај с.Десово, каде гори сува трева и ретка деградирана шума. Во Општина Прилеп активен е пожарот кај м.в.Дервен, каде гори шума, и кај селата Дрен – Смолани, каде гори букова шума.

Под контрола се три пожари, во Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума), Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре) и Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).

Од ЦУК информираат дека во изминатите 24 часа, изгаснати се девет пожари, и тоа во Општина Гостивар: нас.Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева); Општина Струмица: м.в.Суфилар (сува трева и гаража); Општина Василево: с.Чанаклија – с.Нова маала (сува трева); Општина Куманово: нас.Карпош (грмушки и сува трева); Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (ѓубре); Општина Студеничани 1: с.Вртекица (мешана шума и сува трева); Општина Студеничани 2: с.Долно Количани (мешана шума и сува трева); Општина Кичево: с.Црвивци (ѓубре) и Општина Македонски Брод: с.Русјаци (сува трева).