Фото: ЕПА

Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, изнесе размислување за ставање крај на воениот конфликт во Украина

Војната во Украина ќе продолжи сѐ додека нема доволно сила за двете страни да се убедат во неможноста за постигнување политички цели преку воени средства, истакна претседателот на Чешката Република, Петр Павел, нагласувајќи дека постојат неколку опции за ставање крај на воениот конфликт во Украина.
– Тоа може да се случи годинава, но може да се случи следната година, или можеби по многу години. Верувам дека за неколку години двете страни ќе сфатат оти е невозможно да се оди понатаму, а преговорите ќе се одржат. Не само САД туку и Кина мора да даде значаен придонес и да ги охрабри и двете земји на дипломатски преговори – рече Павел при гостување во поткаст, а пренесоа чешките медиуми.
Тој не ја исклучи можноста конфликтот да премине од жешка фаза во замрзната фаза, која, според него, „може да трае со години“. Р.С.