Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА
Реализиран првиот шут за четири поени

По 44 години, десет месеци и шест дена, откако Крис Форд ја постигна првата тројка во историјата на кошарката, далеку од Бостон, во центарот на Манила (Филипини) беше уфрлена првата „четворка“ постигната со еден шут на еден официјален натпреварувачки натпревар. Линијата што за три поени е на 6,75, сега е поместена на 8,20 метри и носи четири поени.
Тоа се случи во неделата на мечот во тамошниот Куп на гувернерот помеѓу екипите на Мералко болтс и Магнолија хотшотс (99-94). Стрелец беше Американец, кој исто така се вика Крис, но Банкеро, а е близок роднина на кошаркарот Паоло Банкеро од Орландо.
Во втората четвртина од мечот тој упати удар што вредеше четири поени, оти беше зад линијата од 8,23 метри. Досега „четворките“ се постигнати во различни неофицијални и ВНБА олстар-натпревари, но идејата за ова, освен повремено во панел-дискусии на американската телевизија, не се појави во пракса досега.
Филипинците се обидоа да воведат правило за 49-та сезона од професионалната лига во својата држава, која има и други специфични правила, како што е на пример ограничување на висината на играчот. Г.И.


ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Данецот Вингегор прв на Трката околу Полска

Данскиот велосипедист Јонас Вингегор ја заврши годинашната Трка околу Полска на првото место во генералниот пласман, додека неговиот холандски колега Улав Кој победи на последната седма етапа во Краков.
Вингегор, кој вози за екипата на Визма-Лез, ја освои својата трета титула во генералниот пласман годинава, по О Гран Камина во Шпанија и Тирено-Адријатико во Италија. Неколку недели претходно, Данецот исто така заврши втор на престижната трка Тур де Франс.
На трката околу Полска, Вингегор заврши 13 секунди пред Италијанецот Диего Улиси (ОАЕ) и 20 секунди пред тимскиот колега Вилк Калдерман од Холандија.
Што се однесува до Кој, тој на денешниот спринт стигна до 35-та етапна победа во кариерата, втора во Полска, откако беше побрз од Белгијците Тим Мерлие (Судал) и Гербен Тисен (Интермарсе). Г.И.