Фестивал на балканскиот и медитеранскиот филм „Преку езерото“

Во рамките на третиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран за викендов е подготвена интересна програма од филмски наслови. Вечерва, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција.
В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.

В.Д.