Фото:Зоран Антоски

Дивата депонија во Кичево, која се наоѓа во поранешните производни погони на Керамичкиот комбинат, денес беше опожарена и густ чад високо се надвиснуваше над населбата Коњски ливади. На пожарот беше интервенирано од страна на екипи на ТППЕ Кичево.

– Некаде во раните попладневни саати почувствувавме миризба и чад кој доаѓаше од дивата депонија лоцирана на двеста метри од нашите живеалишта. Иако очекувавме пред повеќе години оваа депонија целосно да се исчисти и повеќе да немаме вакви проблеми, сепак отпадот до ден денес не е отстранет од овој локалитет и сите надежи на жителите од соседните живеалишта до денес не се реализираа – се пожалија жителите  од блиските станбени објкекти и посочија дека не можат ниту прозор да отворат ниту да излезат на тераса или пред станбениот објект.