Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Арбен Таравари.
– Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001 – се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.
Како што се додава во соопштението, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот, за време на отворениот ден – секоја среда од 13.30 до 16 часот.