Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Олексеј Морозов за шеф на Управата за државна безбедност.
Соодветниот декрет е објавен на веб-страницата на претседателот, пренесува „Укринформ“.
На 9 мај Зеленски го отпушти Серхи Руд, шефот на Управата за државна безбедност, телото наводно одговорно за неуспешниот обид за атентат врз украинскиот лидер – објави „Ројтерс“.
Зеленски издаде указ за разрешување на Руд, но не прецизираше кој ќе го замени на чело на УДБ.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) претходно приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДБ), кои заедно со уште тројца обвинети беа осомничени дека подготвувале обид за атентат на украинскиот претседател, шефот на СБУ, Василиј Маљук, началникот на Главната управа за разузнавање, Кирил Буданов и други високи функционери кои наводно работеле по наредба на руските специјални служби.