Здрава храна
Љубовта кон слатките има штетно влијание не само на здравјето воопшто туку и на убавината. Откриваме како шеќерот влијае на кожата и какви траги остава на лицето. Современиот човек, за разлика од нашите предци, не треба да размислува што да зготви за вечера, бидејќи на располагање има широк спектар на храна. Но тоа има и своја негативна страна: готовата храна често е богата со шеќери. А прекумерното внесување шеќер може да ги оштети здравјето и убавината, бидејќи лошо влијае и на кожата на лицето.
Доколку дојде до нерамнотежа во телото, тоа веднаш ќе се одрази на кожата. Ако јадете многу слатка храна, веројатно сте забележале промени на вашето лице: станува подуено, го губи поранешниот сјај или дури се покрива со акни.
– Овој феномен се нарекува „синдром на шеќерно лице“ – објаснува козметичарката Лана Абасова.
Синдромот на шеќерно лице е резултат на прекумерно количество на шеќер во исхраната, што влијае на изгледот на кожата, особено на лицето. Во научна смисла, шеќерното лице се појавува поради гликација – хемиски процес во кој молекулите на шеќер се врзуваат за протеините, формирајќи гликолизирани молекули. Овие молекули не се излачуваат од телото, тие сериозно ги нарушуваат метаболичките процеси и предизвикуваат клеточна смрт. Колагенот и еластинот, протеините одговорни за цврстината, еластичноста и за мекоста на кожата, најмногу се погодени од гликацијата. Нивните влакна стануваат погусти, кожата станува груба и сува, се појавуваат брчки. Потоа, други структури, на пример капиларите, исто така се вклучени во деструктивниот процес. Како резултат на тоа се појавува црвенило на лицето, кое мора да го реши дерматолог. Вишокот шеќер во телото го зголемува и производството на себум, кој ги затнува порите и фоликулите на косата, предизвикувајќи акни. Производите што содржат шеќер ја нарушуваат и цревната микрофлора и ја зголемуваат пропустливоста на патогените микроорганизми, што резултира со појава на акни на лицето.