Албанскиот премиер Еди Рама, со денешната средба во Милано, ги продолжува зацртаните активности со албанската дијаспора, што ги започна од Атина, Грција.
На почетокот на своето обраќање рекол дека се чувствува трогнат од величенственото гостопримство на своите сонародници, нагласувајќи дека „Албанците во Италија се главните и најзаслужните обединувачи на двата брега на Јадранот“.
– Длабоко сум трогнат од вашето гостопримство. Прегратка за сите од оваа арена каде црвено-црните знамиња и италијанската тробојка сведочат за убавината и вечната поврзаност на два народа, кои историски ги обедини море. Вие, Албанците во Италија, сте најблескавата слика на авангардата на Албанците во унијата со Европа. Ниту политиката, ниту бизнисот, ниту медиумите, туку вие сте главните и најзаслужни обединувачи на двата брега на Јадранот – рекол тој.
Според него Албанците се соочиле со предрасуди, но со „примерот на нивната работа и талент успеале да ја сменат неправедно создадената перцепција“, наведувајќи примери од областа на културата и спортот, области каде Албанците се истакнале со своите подвизи и таленти во соседната земја.
Тој упатил пофалби за Италија и критики до Грција, што Албанците ги принудила да го сменуваат идентитетот, што ќе „остане голема дамка на срамот во историјата на демократска Европа“.
– Албанци во Италија не беа принудени да го сменат името, како што тоа го прават Албанците во Грција. Не ги сменивте имињата, како што трагично им се случи на нашите браќа и сестри во Грција. Ова ќе остане голема дамка на срамот во историјата на демократска Европа – обвинил Рама.
Се задржал и на бројот на Албанци во Италија, бизнисите како и оние кои ќе добијат пензија врз основа на билатералниот договор, кој веќе е ратифкуван во албанскиот парламент.
– Речиси четвртина милион од вас се италијански државјани, 3/5 од вас се концентрирани на северот на Италија. Во италијанската држава има над 40 илјади албански претпријатија а 421 илјада Албанци ќе имаат корист од договор со Италија за взаено признавање на пензиите – посочил Рама.
Упатил апел до иселениците „не двомете се, вратетете се во вашата татковина, донесете го вашето знаење и заштеда за брзо да ја направиме Албанија она што треба, дојде доброто време на Албанија“.
Според медиумите, во спортската сала имало двојно повеќе присуство на иселеници, споредено со средбата во Атина а почнала со интонирање на албаснката и италијанската химна,
Бил регистриран и мал инцидент кога, додека зборувал Рама, група иселеници извадиле транспарентот на кој пишувало „сакам да гласам 2025“, кои се судриле со обезбедувањето, на набрзо биле извадени од салата.