Изложбата „Херојското доба на Хистрите“ денеска во 14 часот беше отворена во Археолошкиот музеј во Скопје. Претходно, во 12 часот, предвање на тема „Патувањето низ земјата на Хистрите“ одржи авторката на изложбата, проф. д-р Мартина Блечиќ Кавур од Универзитетот на Приморска, Копер, Словенија.
Изложбата ја претставува приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред новата ера и преку нивната материјална култура може да се види нивната интеграција во комуникациската и трговска мрежа со другите соседни региони и заедници кои во тоа време живееле на брегот на Јадранот и во регионот по реката Дунав.
Поставката е резултат на соработката на Археолошкиот музеј во Скопје и Археолошкиот музеј на Истра, Пула. Поставката ќе биде отворена до 1. септември.
Присуствуваа еминентни гости од научната фела, како и претставници на хрватската заедница во Македонија.
Свое обраќање имаше и Никола Бајиќ, дипломатски советник од Хрватската амбасада