Кошаркарските експерти предупредуваа дека недоволно изразените атлетски способности на Лука Дончиќ (19) би можеле да можеле да претставуваат проблем за младиот словенечки кошаркар во НБА-лигата, но се чини дека тој е на пат да ги отстрани нивните сомнежи со помош на неговото препознатливо оружје – скок шутот со чекор наназад.
Користењето на овој удар од страна на Дончиќ делува охрабрувачки на почетокот од неговата НБА-кариера, откако бекот на Далас маверикс погоди 11 од 33 шутеви од далечина, упатени со чекор наназад.
– Доколку успее да го претвори својот препознатлив потег во легитимно оружје, тоа би можело да му помогне да ги надомести физичките ограничувања – се наведува во анализата на страницата на НБА-лигата.
Кошаркарските познавачи истакнуваат и дека Дончиќ допрва ќе треба да ги докаже плејмејкерските способности. Талентираниот тинејџер има импресивен просек од 19,3 поени, 6,9 скока и 4,1 асистенција во досегашните 18 одиграни средби.