„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се случувало ако победат на парламентарните избори и ако Бујар Османи биде избран за претседател на државата, пренесува „Макфакс“.
Симулативната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а откако ги поздрави пратениците и присутните, најпрво избра двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз. Како прва точка на дневен ред ја предложи верификацијата на мандатите на пратениците, а за втора изборот на претседател на Собранието.
Зиадин Села на симулативната седница беше избран за претседател на Собранието, а на трета точка на дневниот ред, беа предложени уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот, преку измена на уставот со гласање на 120 пратеници.
Четврта точка на дневниот ред беше за време на симулацијата беше Свечената декларација на Бујар Османи, како претседател на државата.