Во Индија е разбиена „голема мрежа за трговија со луѓе“, која намамувала млади мажи да работат во Русија, но биле принудени да се борат во војната со Украина.
Околу 35 лица се испратени во Русија во рамките на шемата, соопшти доцна синоќа индиското Централното биро за истраги, што е речиси двојно повеќе од бројот од 20 лица првично објавени од индиското Министерство за надворешни работи.
Најмалку двајца мажи кои заминаа во Русија очекувајќи да работат како „асистенти“ во армијата, загинаа на фронтот, соопштија нивните семејства. Амбасадата на Индија во Москва ја потврди смртта на еден од нив.
Полицијата изврши рации на повеќе локации, вклучувајќи го главниот град Њу Делхи и финансискиот центар Мумбаи, при што се запленети 50 милиони индиски рупии (605.000 долари), како и документи и електронски записи. Исто така приведени се неколку осомничени лица.
Њу Делхи и Москва со децении одржуваат блиски односи, а Индија одбива да ја осуди руската инвазија врз Украина, инсистирајќи двете страни го прекинат конфликтот преку дијалог и дипломатија.
Индија, исто така, го зголеми увозот на евтина руска нафта, на големо разочарување на Западот.