Илустрација: / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Четиринаесетгодишното момче, кое што беше убиено синоќа во центарот на Прилеп е од селото Сенокос, а полицијата има осомничен сторител.

Синоќа околу 20 часот во Прилеп случајни минувачи на тротоарот на булеварот „Гоце Делчев“ забележале повредено тело на дете. Веднаш повикале итна помош, која стигнала брзо на местото, го однела детето во болница, но, за жал, лекарите констатирале смрт.

Во Прилеп убиено 14-годишно момче

Според првичните сознанија, информира јавниот обвинител од прилепското ОЈО Стевчо Биноски, 14-годишното дете е убиено со остар предмет.

– Извршен е увид на две локации. Првично детето има неколку убодни рани по грбот и рацете, но обдукцијата ќе покаже која е причината за смртта. Имаме првични основни сомнежи за настанот и за можен евентуален сторител на кривичното дело. Обвинителството и полицијата работат на случајот – вели обвинителот Стевчо Биноски.

Истрагата е во тек.

Ка.М.