Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд даде изјава како одговор на извештаите дека Алжир планира да ја стави својата резолуција за прекин на огнот на гласање во вторник.
– Ако дојде до гласање за овој предлог-закон, тој нема да помине – рече Томас-Гринфилд, пренесе „Ројтерс“.
САД претходно го искористија своето вето за да го спречат Советот за безбедност на ОН да донесе резолуции со кои се бара прекин на огнот во Газа.