Мајка и нејзините две мали деца биле итно пренесени во болница по сомнителен напад со киселина во Лондон, соопшти полицијата.
Како што јави Би-би-си, сведоци опишале „ужасна“ сцена откако мајка и нејзините две девојчиња биле полиени во нивниот автомобил со „корозивна супстанца“ во јужен Лондон.
Семејството, тројца полицајци што реагирале и двајца други што се обиделе да помогнат се пренесени во болница
Полицијата трага по осомничениот.
Степенот на повредите на жртвите не е соопштен.