Долниот дом на рускиот Парламент денеска го усвои во прво читање нацрт-законот за конфискација на имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија.
Мерката за конфискација на имотот и државните награди, за која гласаа 395 пратеници на Думата, ќе важи за осудените за јавно повикување на екстремизам и воведување санкции против Русија и нејзините граѓани, како и за оние кои се осудени за помагање во извршувањето на одлуките на меѓународните организации во кои не учествува Руската Федерација, како и оние кои се осудени за рехабилитација на нацизмот.
Во усвоениот предлог-закон се предлагаат и измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка.