Во Данската банка во периодот меѓу 2007 и 2015 година, според извештајот објавен во септември, се случувал еден од најголемите скандали за перење пари. Станува збор за 200 милијарди евра кои поминале низ нерезидентното портфолио на Данска банка, предупреди денеска директорот на банката Хауард Вилкинсон пред данскиот парламент.
Повеќето од плаќањата доаѓаат од Естонија, Русија, Летонија, Кипар и Велика Британија при што биле користени анонимните „Шел компании“ кои вообичаено се користат за „перење на пари“ преку трансакции на недвижнини изјави за „Ројтерс“ поранешниот директор Оле Андерсен на Одборот на директори.
Плаќањата биле насочени кон Естонија, Летонија, Кина, Швајцарија, Турција, Велика Британија и уште 150 други земји, се вели во извештајот на Данска банка.